Вести|

По создадените услови, почетокот на новата школска година да биде со физичко присуство на учениците, денес училиштата на територија на Општина Петровец започнаа со настава со физичко присуство, согласно протоколите кои ги наложуваат ресорните министерства. Учебната година во основното училиште „Кочо Рацин“ – Петровец започна со повикување на првачињата од страна на учителките кои беа пречекани со топли зборови и прегратки.

На оваа свеченост проследена со мала приредба во чест на првачињата присуствуваше и градоначалникот на Општина Петровец – Борче Митевски. Тој традиционално за секој почеток на нова учебна година, првачињата ги чести со чоколади, а пред присутните родители и ученици одржа и краток говор, во кој на сите ученици им посака среќен почеток на учебната година и постигнување на одлични резултати во текот на образованието.

Општина Петровец континуирано вложува во образованието и помага при реконструкцијата на училиштата во сите населени места.
Дечињата кои учат во Подрачното Основно Училиште ,,Братство и Единство ,,од Сушица наставата ќе ја следат во темелно реконструирано училиште кое ги исполнува сите услови за одржување на непречена и квалитетна настава.

Comments are closed.

Close Search Window
Големина на фонт