Вести|

Градоначалникот на Општина Петровец – Борче Митевски, заедно со Советничката од советот на Општина Петровец – Валентина Андрејевска и директорката на ООУ „Кочо Рацин“ во Петровец – Виолета Јаневска, положија свежо цвеќе на спомен плочата поставена пред Катлановска Бања во чест на ранетите и починатите борци на демократската армија (ДАГ) во граѓанската војна во Грција од 1947-1949 година.

Тука градоначалникот Митевски се обрати пред присутните гости и организаторите на оваа свеченост и оддржа кратко излагање. Воедно тој на македонскиот народ го честиташе денешниот празник 8-МИ СЕПТЕМВРИ, денот на независноста на Македонија, ден кој ја означува сувереноста, независноста и самостојноста на Македонија и македонскиот народ.

Comments are closed.

Close Search Window
Големина на фонт