Градоначалникот на Општина Петровец – Борче Митевски и директорот на дирекција на Макпетрол АД Скопје – Марија Јосифовска-Спасовска, склучија меморандум за соработка помеѓу Општина Петровец и Макпетрол АД – Скопје. На потпишувањето на меморандумот присуствуваа и директорката на ЦООУ „Кочо Рацин“ од Петровец – Виолета Јаневска и кординаторот на проектот „Крени глас против врсничкото насилство” за Општина Петровец – Елена Младеновска.
Предмет на овој меморандум е воспоставување взаемна соработка чија главна цел е ефикасно спроведување на едукативниот проект „Крени глас против врсничкото насилство“ во сите основни училишта на територијата на Општина Петровец до крајот на месец Мај 2024 година. Соработката се состои од организирање серија работилници со едукација на учениците против врсничкото насилство.