Вести|

Денес во посета кај градоначалникот Борче Митевски беа претставници од Таеквондо клубот Хулк, кои изминатиов викенд настапија на меѓународниот турнир „Fenix Open“ во Ниш, Србија.


Градоначалникот Борче Митевски го поддржа финансиски настапот на тројца натпреварувачи од Општина Петровец, при што натпреварувачите возвратија со два златни медали во јуниорска конкуренција и еден сребрен во сениорска. Имено клубот освои пехар за екипен пласман трето место во јуниорска конкуренција и воедно е прогласена најдобра јуниорка на целиот турнир.

Градоначалникот како вице шампион на поранешна Југославија во бокс ги разбира проблемите на спортистите и затоа е силна потпора на нивиот пат кон успехот. На самата средба тренерот на Хулк – Филип Анастасовски му врачи благодарица на градоначалникот за поддршка и афирмација на активностите на клубот.

Успесите на претставниците од Општина Петровец кој што беа постигнати се следни:
– Ангел Јовановски – јуниор Златен медал
– Стефани Јовановска – јуниорка Златен медал
– Давид Симоновски – сениор Сребрен медал

Таеквондо клубот Хулк настапи со 17 натпреварувачи и овои 5 златни, 5 сребрени и 5 бронзени медали. Градоначаникот Митевски напомена дека и понатака ќе биде ветар во грб за спортистите советувајки ги да продолжат амбициозно кон уште поголеми успеси.

Comments are closed.

Close Search Window