Вести|

Во населено место Горно Коњари во тек е изградба на нова пешачка патека. Таа треба да се простира од центаррот на Горно Коњари па се до бензиската пумпа на излезот од ова населено место.


Градоначалникот Борче Митевски беше во ова населено место за одблиску да се запознае со текот на градежните активности околу поставувањето на пешачката патека. Тука се сретна со неколку од жителите на ова населено место кои јавно му упатија благодарност за превземената активност околу поставувањето на пешачката патека.

Должината на патеката ќе изнесува 525 метри и истата треба да биде готова до крајот на месец Март. Со реализирањето на овој проект градоначалникот Митевски ќе исполни уште едно предизборно ветување дадено пред жителите на Горно Коњари. Финансиските средствата за овој проект во целост се обезбедени од Буџетот на Општина Петровец.

Comments are closed.

Close Search Window