Вести|

Градоначалникот на Општина Петровец Борче Митевски денес беше во населено место Огњанци, каде се започна со приклучување на домаќинствата кон одводна канализациона мрежа каде веќе поминува главната канализациона мрежа.


Веќе неколку денови наназад, вработени на ЈКП Петровец вршат информирање и евидентирање на домаќинства кои сакаат да се приклучат кон канализационата мрежа. Во тек се и потпишување на договори на ЈКП Петровец со домаќинствата од ова населено место за поставување на индивидуални прилклучоци кон канализационата мрежа. Околу шеесетина домаќинства веќе чекаат да се приклучат кон одводната канализација со што ќе го решат проблемот со отпадните води од своите домови.

Се замолуваат сите домаќинства да се приклучат кон одводната канализација и да склучат договор со ЈКП Петровец, како би се решил целосно проблемот со отпадните води кои се голем проблем во ова населено место.

Comments are closed.

Close Search Window