Почитувани сограѓани,
Не делат часови од заминување на 2023 година, година во која градоначалникот на Општина Петровец заедно со Советот на Општина Петровец и општинската администрација како и соработниците на општината, но и Вие наши сограѓани, успеавме да ги реализираме најголем број од предвидените проекти.
Со самата реализација на проектите кои се од особено значење за жителите на Општина Петровец успеавме во сите населени места да ги подобриме условите за живот во сите сфери на општеството, како што се инфраструктурата, образованието, спортот, културата. Ќе продолжиме напорно и посветено да работиме и во годината која доаѓа се со една цел, од Општина Петровец да направиме пристојно место за живеење.
Во новата 2024 година Ви посакуваме да имате пред се многу здравје, бидете среќни и исполнети со љубов и неизмерна радост и уживајте во претстојните новогодишни моменти со своите најблиски и пријателите.
СРЕЌНА НОВА 2024 ГОДИНА !!!