Денес во посета на градоначалникот на Општина Петровец беа околу 150 ученици од 4-то и 5-то одделение од Централното и подрачните основни училишта „Кочо Рацин“ од Петровец, Катланово и Огњанци.
Според предметната настава на предметот Општество, учениците учат за Локалната самоуправа и структурите поврзани со општината, па така одблиску учениците можеа да се запознаат со градоначалникот и функцијата градоначалник. Градоначалникот Митевски одговараше на голем број прашања кои ги поставуваа учениците а кои беа поврзани со предметот Општество и локалната самоуправа. Во пријатна атмосфера се одвиваше средбата на учениците со градоначалникот, а секако за добредојде учениците беа почастени и со кондиторски производи и сок.