Вести|

Денес,во дворот на Детската градинка „Авионче“ во населено место Петровец се одржа приредба под мотото „Збогум Градинке“. Со оваа свеченост каде учествуваа дечињата од оваа градинка со песни и игри испратија 33 нивни другарчиња – идни првачиња, кои од есен треба да започнат со настава како првачиња со започнувањето на школската година.

На оваа свечена манифестација како и секоја година така и оваа присуствуваше градоначалникот на Општина Петровец – Борче Митевски, кој уживаше во претставата организирана и припремена од воспитувачите и останатиот персонал на градинката, а изведена од дечињата кои добро ги увежбале точките со кои настапуваа пред своите родители и роднини. На крајот од претставата следуваше громогласен аплауз за прекрасно изведената приредба.

Comments are closed.

Close Search Window