Вести|

Во организација на БК „Куманово 84“ се организираше третиот по ред меѓунареден боксерски турнир „Мирослав Петровиќ“ – тренерот кој целиот свој живот го посветил на боксот во овој кумановски боксерски клуб.

Честа да го отвори овој меѓународен боксерски турнир му припадна на градоначалникот на Општина Петровец Борче Митевски кој е и поранешен боксерски вицешампион во тешка категорија на просторот на поранешна Југославија.

На овој турнир присуствуваа голем број на боксерски звезди од поранешна Југославија како што се Тадија Качар, Мирко Пузовиќ, Реџеп Реџеповски, Аце Русевски и други видни имиња во боксот, а учествуваа и голем број на боксери како од Македонија така и од Србија, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Бугарија, Молдавија, Австрија, Германија и Косово.

Доделувањето на медали и пехари на најуспешните боксери на турнирот исто така ги додели Борче Митевски.

Од страна на поранешниот светски и олимписки првак во бокс во тешка категорија Тадија Качар на Борче Митевски му додели медал и благодарница за учество и придонес во развојот на спортот во Куманово.

Comments are closed.

Close Search Window