Вести|

Основното училиште „Кочо Рацин“ од Петровец денес го прослави својот патронат. На оваа свечена манифестација присуствуваше градоначалникот Борче Митевски кој се обрати пред присутните гости во салата.

Тој се заблагодари на сите присутни во салата што се дојдени во голем број бидејки салата беше исполнета до последното место. На кратко се наврати на вложувањата што Општина Петровец ги прави за обезбедување на пристојни услови за изведување на образовната настава како и за вложувањето во спортот, културата, фолклорот, музиката, се со една цел, децата да се држат што подалеку од улицата и пороците на денешницата а да се насочат на вистинскиот пат. Денешната свеченост беше збогатена со културно уметничка програма, подготвена и изведена од страна на учениците под менторство на нивите учители и наставници.

Comments are closed.

Close Search Window