Во вакви тешки и трагични мигови настанати од катастрофалниот земјотрес кој рано изутрина погоди неколку градови во Турција и Сирија, тешко е да се изнајдат зборови за утеха со кои би можеле да ја ублажиме болката на семејствата на настраданите.
Изразуваме сочувство до семејствата и блиските на починатите и надеж дека спасувачките екипи кои со натчовечки напори се борат со урнатините ќе спасат и извлечат од урнатините поголем број на преживеани. Веруваме дека хуманоста и солидарноста на луѓето како од Република Македонија така и од целиот свет ќе помогнат за што побрзо санирање на штетите настанати од земјотресот.