Вести|

Денес големиот христијански празник Богојавление – Водици традиционално е одбележан со положување на Чесниот и Животворен Крст во водите на реката Пчиња. Чинот на положувањето на Светиот Крст и пливањето по него, се одржа со почеток во 12:00 часот, кај Мостот на реката Пчиња близу Катлановска Бања.

Петнаесетина учесници беа во водите на реката Пчиња и учествуваа во денешниот настан а најсреќен учесник беше Теодор Миленковски од Р’жаничино. Фаќањето на крстот значи соединување на човекот со Христа, а се верува дека со положувањето на крстот водите се осветуваат и стануваат лековити.

Воедно Драган Здравковски од Р’жаничино беше извлечен за кум т.е паричката за кумство за наредната година му се падна нему.

Во духот на христијанството и традицијата, градоначалникот на Општина Петровец – Борче Митевски на среќниот учесник му додели ЛЦД Телевизор а на сите останати учесници им додели бањарки.

На денешната церемонија присуствуваше Пратеникот во Собранието на Република Македонија Драган Ковачки, Пратеничката Марија Петрушевска, Претседателот на совет на Општина Петровец Блаже Никчевски како и голем број граѓани од повеќе населени места.

БОГ СЕ ЈАВИ!

Comments are closed.

Close Search Window