Делегација од Општина Петровец предводена од градоначалникот Борче Митевски, заедно со пратеничката од Собранието на Република Македонија – Марија Петрушевска, положија свежо цвеќе пред споменикот во Блаце по повод хеликоптерската несреќа која се случи во 2009 година.
![](https://petrovec.gov.mk/wp-content/uploads/2022/01/271755264_3189345878001947_1848222670557796706_n-1024x576.jpg)
Во катлановско Блаце денес се одбележаа 14 години од хеликоптерската несреќа во која трагично загинаа 11 припадници од составот на воздухопловниот ВИНГ, враќајќи се од мировната мисија АЛТЕА во Босна и Херцеговина. Во хеликоптерската несреќа животот го загубија потполковник Тони Спасовски, мајор Горан Ристовски, капетаните Бране Спасовски и Игор Ѓорески, заставниците Славчо Василев и Тони Давитковски, постарите водници Јанко Шириќ, Мики Ивановски, Александар Тасковски и Александар Васиќ и десетарот Златко Вељановски.