Вести|

Градоначалникот Борче Митевски, заедно со Советникот од Советот на Општина Петровец Елми Керими и дел од жителите од населеното место Средно Коњари, беа на лице место за одблиску да се запознаат со активностите поврзани со асфалтирањето на неколку улици. Станува збор за асфалтирање на неколку улици во населено место Средно Коњари, со вкупна должина од 450 метри. Финансиските средства за асфалтирање на улиците во целост се обезбедени од Буџетот на Општина Петровец.


По насмевките на лицата на присутните жители од ова населено место можеше да се забележи задоволството од средбата со градоначалникот Митевски, кои воедно му изразија голема благодарност за се што направил за нивното населено место.
Градежните активности продолжуваат и во другите населени места на територијата на Општина Петровец, се со една цел, да се создадат услови за нормално функционирање и живеење на жителите во секое населено место.

Comments are closed.

Close Search Window