Денес, свечено со сечење на лента се пушти во употреба спортската сала која е во склоп на подрачното основно училиште „Кочо Рацин“ од Катланово. На оваа свеченост покрај градоначалникот Борче Митевски, присуствуваа и директорката на О.О.У. ,,Кочо Рацин,, од Петровец – Виолета Јаневска, председателот на Советот на Општина Петровец – Горан Ангеловски, советничката Валентина Андрејевска како и жители од ова населено место.
Спортската сала е во целост опремена со спортска опрема и реквизити потребни за настава по физичко воспитување. Општина Петровец продолжува да работи и гради во интерес на сите жители во сите населени места, на целата територија на Општина Петровец.