Одлуки|

Врз основа на член 65 став (6) од Законот за животна средина („Службен весник на Република Македонија“ бр. 53/05, 81/05, 24/07, 159/08, 83/09, 48/10, 124/10 и 51/11, 123/12, 93/13, 187/13, 42/14, 44/15, 129/15, 192/15, 39/16 и 42/16), Градоначалникот на Општина Петровец донесе:

Одлука за неспроведување на стратегиска оцена за Локална урбанистичка планска документација за лесна индустрија Општина Петровец

  1. За планскиот документ ЛУПД за големи трговски единици со намена (Б2) на дел од КП 1151 и 1387 КО Ќојлија општина Петровец кој се носи согласно Закон за просторно и урбанистичко планирање („Службен весник на Република Македонија“ бр.199/14, 42/14, 44/15, 44/15, 193/15, 31/16, 163/16, 64/18 и 32/20), не е потребно да се спроведе стратегиска оцена на влијанието врз животната средина согласно член 65 од Законот за животна средина.
  2. Одлуката заедно со формуларите за определување на потребата од спроведување односно неспроведување на стратегиска оцена се објавува на веб страната на Општина Петровец.
  3. Согласно критериумите за определување на тоа дали еден плански документ има влијание врз животната средина од член 65 став (4) од Законот за животна средина и врз основа на податоците од Прилог 2 на Правилникот за формата, содржината и образецот на одлуката за спроведување односно неспроведување на стратегиска оцена и на формуларите за потребата од спроведување односно неспроведување на стратегиска оцена донесувањето на планскиот документ ЛУПД за големи трговски единици со намена (Б2) на дел од КП 1151 и 1387 КО Ќојлија општина Петровец, нема да има влијание врз животната средина од следните причини:
    – се одредува користење на мала област од локално значење од 5026 m 2 (0,50 ha),
    – намената и опфатот на користење нема позначајни влијанија врз животната средина и врз здравјето на луѓето.
  4. Против оваа одлука може да се поднесе жалба до Министерство за животна средина и просторно планирање во рок од 15 дена од денот на објавување на веб страната.

Општина Петровец
Градоначалник
Борче Митевски дипл.есс

СЕА формулар                                                                  pdf
Одлука (AL)                                                                   pdf

Comments are closed.

Close Search Window