По повод престојните велигденски празници, Градоначалникот Борче Митевски, заедно со управителот на фирмата ЏАНВИКИ ДОО Виолета Младеновска, донираа 120 хуманитарни пакети со храна за социјално загозените семејства кои го прославуваат големиот христијански празник Христовото воскресение – ВЕЛИГДЕН.
Во делењето на хуманитарните пакети учество земаа и претседателот на Советот на Општина Петровец – Горан Ангеловски, директорот на ЈКП Петровец – Андреја Гроздановски како и неколку советници од Советот на Општина Петровец. Делењето на хуманитарни велигденски пакети со храна е гест кој се практикува десетина години наназад а ќе продолжи и во иднина се со една цел, да им се помогне на најсиромашните семејства овој голем христијански празник пристојно да го поминат со своите најблиски.