Во населено место Чифлик свечено со сечење лента се пушти целосно асфалтирана улица во должина од 450 метри. На свеченото отварање на улицата, покрај градоначалникот Борче Митевски присуствуваа и председателот на ВМРО-ДПМНЕ – Христијан Мицкоски и пратеничката во Собранието на Република Македонија – Марија Петрушевска, како и голем број на жители од ова населено место. Пред насобраните граѓани и новинарските екипи се обрати градоначалникот Митевски и накратко даде отчет за сработеното и ветеното од негова страна, со други зборови, оваа улица беше едно од предизборните ветувања на градоначалникот кое ветување во целост го реализира.
Кратко обраќање пред присутните граѓани направи и претседателот на ВМРО-ДПМНЕ – Христијан Мицкоски кој искажа пофални зборови за сработеното од градоначалникот Борче Митевски и неговиот целосен ангажман кој е во служба на жителите од целата територија на Општина Петровец.
Висината на финансиските средства за овој проект изнесуваат 4.000.000,00 денари и во целост се обезбедени од Буџетот на Општина Петровец. Градежните активности поврзани со инфраструктурата ќе продолжат и во наредниот период во сите населени места во Општина Петровец.