Вести|

Градоначалникот Борче Митевски заедно со Претседателот на Советот на Општина Петровец – Горан Ангеловски и Советникот Бобан Блажевски беа во населено место Сушица каде од прва рака се запознаа со градежните активности околу реновирањето на домот во центарот на Сушица. Просториите кои се реновираат треба да бидат наменети за амбуланта, месна заедница и за други намени кои се од корист за жителите на ова населено место.

Финансиските средства за овој проект во целост се обезбедени од Буџетот на Општина Петровец и се во износ од 1.300.000,00 денари.
Воедно, градоначалникот Митевски заедно со управителот на фирмата ЏАНВИКИ од Петровец Виолета Младеновска, за единствената родена тројка во општина Петровец донирше хуманитарни пакети во храна и хигиенски средства како помош на родителите за полесно да се справат со потребите на овие три бебиња.
Вакви хуманитарни гестови на фирмата ЏАНВИКИ ќе продолжат и во иднина секако во соработка со Општина Петровец и градоначалникот Борче Митевски.

Comments are closed.

Close Search Window
Големина на фонт