Денес, градоначалникот Борче Митевски беше на ул.5 и крак на ул.5 во населено место Петровец , каде се започна со поставување на канализациона мрежа во должина од 450 метри. Финансиските средства во целост се обезбедени од Буџетот на Општина Петровец и изнесуваат околу 1.500.000,00 денари.
Се очекува овој проект да заврши во период од 20-25 денови, доколку временските услови го дозволуваат тоа.
Вакви и слични градежни активности ќе продожат и во наредниот период во сите населени места на територијата на Општина Петровец.