Објави|

Градоначалникот на општина Петровец согласно член 99 став 1, член 107 став 13 и член 122 став 4 од Законот за животна средина („Службен весник на Р.М.“бр.53/05, 81/05, 24/07, 159/08, 83/09, 48/10, 124/10, 51/11, 123/12, 93/13, 42/14, 44/15, 129/15 , 192/2015, 39/16 и 99/18), ја издава следната:

О Б Ј А В А
за нацрт Б – интегрирана еколошка дозвола

Согласно член 122 став 1 од Законот за животна средина (Службен весник на РМ 53/05, 81/05, 24/07, 159/08, 83/09, 48/10, 124/10, 51/11, 123/12, 93/13, 42/14, 44/15, 129/15, 192/2015 и 99/18), до Градоначалникот на општина Петровец доставено е барање за издавање на Б-интегрирана еколошка Дозвола бр. 09-58/1 од 12.01.2021 година.

Подносител на барањето:
Друштво за производство, сепарација на чакал и песок, превоз, трговија и услуги АРАДИКО КОП ДООЕЛ, с. Р’жаничино, општина Петровец, ул. 4, бр. 11, с. Р’жаничино, општина Петровец.

Адреса:
Локацијата на инсталацијата се наоѓа на КП 778/6, КО Ржанкичино, општина Петровец

– Површина P=1,4537 хектари

Категорија на инсталацијата:
Прилог 2. Точка 3. Индустрија на минерали, 3.3. Стационарни бетонски бази со вкупен капацитет на силосите за бетон поголем од 50 m 3 , со проектиран капацитет 10.000 m3 годишно;

Нацрт Дозволата во печатена форма, ќе биде достапна на заинтересираната јавност во рок од 14 дена по објава во дневниот печатт, во просториите на:
Општина Петровец, ул.1 бб с. Петровец
Секој работен ден од 09 – 13:00 часот.
Контакт телефон: 02/2562239

Ве информираме дека Нацрт Дозволата ќе биде достапна и во електронска форма, на официјалната web страница на Oпштина Петровец:
www.petrovec.gov.mk

ОПШТИНА ПЕТРОВЕЦ
Градоначалник,
Борче Митевски

Нацрт Б-интегрирана еколошка дозволаpdf
Објава во весник - Нова Македонијаpdf
Објава во весник - Лајмpdf

Comments are closed.

Close Search Window
Големина на фонт