Вести|

Школската учебна година оваа година започна на 1-ви Октомври , поради пандемијата со корона вирусот. Наставата со физичко присуство за првачињата и дечињата до трето одделение ќе се изведува под посебни протоколи како што се носење на заштитна маска, дезинфекција на рацете и држење на пропишаното безбедно растојание.

По тој повод, како и секоја годинаа наназад градоначалникот Борче Митевски посети неколку училишта во кои е дозволена наставата со физичко присуство. Тој се обрати пред првачињата и им посака пред се многу здравје, среќа и успех во нивното образование. По обраќањето, градоначалникот на првачињата како и на сите присутни дечиња им подели по едно чоколадо.

Comments are closed.

Close Search Window