Одлуки|

Врз основа на член 65 став(6) од Законот за животна средина (Сл. Весник на РМ бр. 53/05, 81/05, 24/07, 159/08, 83/09, 48/10, 124/10, 51/11, 123/12, 93/13, 187/13, 42/14, 44/15, 129/15, 192/15, 39/16 и 99/18), Општина Петровец, на ден  30.09.2020 година, донесе

Одлука за Неспроведување на стратегиска оцена


  1. За планскиот документ Локална урбанистичка планска документација со намена А3 – Групно домување, на КП 113, КО Бадар, Општина Петровец, кој се носи согласно Законот за просторно и урбанистичко планирање, не е потребно да се спроведе стратегиска оцена на влијанието врз животната средина согласно член 65 од Законот за животна средина.
  2. Одлуката заедно со формуларите за определување на потребата од спроведување односно неспроведување на стратегиска оцена се објавува на веб страната на Општина Петровец, www.petrovec.gov.mk
  3. Согласно критериумите за определување на тоа дали еден плански документ има влијание врз животната средина од член 65 став (4) од Законот за животна средина и врз основа на податоците од Прилог 2 на Правилникот за формата, содржината и образецот на одлуката за спроведување, односно неспроведување на стратегиска оцена и формуларите за потребата од спроведување, односно неспроведување на стратегиска оцена донесувањето на планскиот документ Локална урбанистичка планска документација со намена А3 – Групно домување, на КП 113, КО Бадар, Општина Петровец, нема да има негативно влијание врз животната средина од следните причини: Површината во границите на планскиот опфат изнесува 7,06 ха. На овој простор се организира функционална урбанистичка целина со нaмена А3- групно домување. Со ваква намена ќе се создадат позитивни импулси и ефекти врз целото непосредно опкружување и од аспект на повисока организација и уреденост на просторот и инфраструктурна опременост и начин на живеење.
  4. Против оваа Одлука може да се поднесе жалба до Министерството за животна средина и просторно планирање во рок од 15 дена од денот на објавувањето на одлуката на веб страната.
 

Бр.постапка 29203
Датум: 30.09.2020
Место: општина Петровец

Општина Петровец
Градоначалник
Борче Митевски дипл. есс

СЕА форма ЛУПД Средно Коњаре А1pdf

Comments are closed.

Close Search Window
Големина на фонт