Вести|

Градоначалникот на Општина Петровец Борче Митевски денес присуствуваше на културно-уметничката манифестација која ја приредија дечињата од детската градинка Авионче од Петровец.

Голем број родители, роднини, братчиња и сестричиња, баби и дедовци, денес со гордост и насмевка на лицата ги гледаа своите најмали како им приредуваат незаборавна забава со песни и игри. По секоја завршена точка од најмалите изведувачи следеше голем и громогласен аплауз како награда за прикажаното.

Конечно дојде и моментот кога овие четириесетина мали дечиња од есен ќе бидат првачиња и своето образование ќе го започнат од првооделенските училишни клупи. Им посакуваме многу среќа и успеси во образованието и да израснат во личности со кои ќе се гордееме сите ние.

Comments are closed.

Close Search Window