Врз основа на член 27 став 5 и член 50 од Законот за урбанистичко планирање (“Сл.весник на РСМ” бр. 32/20 год.) Градоначалникот на општина Петровец, објавува
С О О П Ш Т Е Н И Е
Се организира Јавна презентација и Јавна анкета на предлог-Урбанистички план за село Ржаничино, со разработка на блок 6 и блок 7, Општина Петровец.
Изработката на Урбанистички план за село Ржаничино со разработка на блок 6 и 7, Општина Петровец, има за цел поставување на урбанистички концепт за организација на просторот во границите на планскиот опфат, а во исто време претставува континуитет во развојот на подрачјето на планскиот опфат, усогласувајќи го планскиот документ со поставките и параметрите дадени со Условите за планирање на просторот кои произлегуваат од Просторниот план на РМ како и со одобрената Планска програма за овој план.
Вкупната површина на планскиот опфат изнесува 217,38ха.
Наменската употреба на земјиштето и градбите е уредена на ниво на наменски зони. Наменска зона е ограничена површина од градежното земјиште со иста наменска употреба на земјиштето. Уредувањето на намената на земјиштето во урбанистичкиот план за село се врши со системот на класи на намени како инструмент со кој се врши класификација на дејностите и активностите во планскиот опфат. Согласно целите дефинирани со Планската програма како и Правилникот за урбанистичко планирање (Сл.Весник на РСМ, бр.225/20, 219/21 и 104/22), со оваа планска документација се врши уредување на наменските зони и сингуларните намени со следните ознаки:
- А1 – домување во станбени куќи
- А3 – Заедничко (групно) домување
- Б2.2 – Трговски центри
- В5.1 – црква
- Г2 – Лесна преработувачка и помалку загадувачка индустрија
- Д1 – Парковско и пејзажно зеленило
- Д2 – заштитно зеленило
- Д3.1 – Спортски терени на отворено
- Д3.2 – Спортски терени на големи зелени површини
- Д4.3 – гробишта
- Е1.1 – сообраќајна патна инфраструктура
- Е1.10 – складишта за нафта и нафтни производи
- Е1.13 – Површински соларни и фотоволтаични електрани.
Нацрт –планот ќе биде изложен на:
- Огласната табла пред Општина Петровец – с. Петровец.
- Времето на излагање на планот ќе трае 33 дена со почеток од 22.03.2025 год. до 23.04.2025 год. Во определениот рок заинтересираните правни и физички лица своите забелешки, предлози и мислења можат да ги донесат на посебни анкетни листови (можат да добијат во просториите на општина Петровец) и во електронска форма преку информацискиот систем е-урбанизам. За повеќе информации сите лица можат да се обратат во Одделението за урбанизам, просторно планирање, комунални дејности заштита на животната стредина и локален економски развод во просториите на Општина Петровец.
Јавната презентација на Предлог планот ќе се одржи на ден 24.03.2025 год. со почеток во 12:30 часот во зградата на Општина Петровец.
ОПШТИНА ПЕТРОВЕЦ
Градоначалник
Борче Митевски
УПС Ржаничино со разработка на блок 6 и 7 |