Известувања|

Врз основа на Законот за урбанистичко планирање (Сл. весник на РСМ бр. 32/20) Општина Петровец го донесува следното:

СООПШТЕНИЕ

Се известуваат сите правни и физички лица, државната управа, научни и стручни организации од просторот дека се организира јавен увид за Урбанистички проект вон опфат на урбанистички план со намена А4-Времено сместување (Етно село), К.О.Блаце, Општина Петровец изработен од планер Друштво за градежништво, трговија и услуги НИМАЕР ДООЕЛ Струга.

Соопштението за организирање на јавен увид се објавува на веб страната на општина Петровец.

За време на јавниот увид, заинтересираните правни и физички лица, државната управа, научни и стручни организации по Урбанистички проект вон опфат на урбанистички план со намена А4-Времено сместување (Етно село), К.О.Блаце, Општина Петровец изработен од планер Друштво за градежништво, трговија и услуги НИМАЕР ДООЕЛ Струга може да достават забелешки и/или предлози кои ќе бидат разгледувани од страна на комисијата за урбанизам.

Раководител во одд.
Лилјана Величковиќ, диа

ОПШТИНА ПЕТРОВЕЦ
Градоначалник
Борче Митевски дипл.есс

Урбанистички проектpdf

Comments are closed.

Close Search Window