Известувања|

Врз основа на член 62 став 10 од Законот за урбанистичко планирање Општина Петровец го донесува следното:

СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТА

е известуваат сите правни и физички лица, државната управа, научни и стручни организации од просторот дека се става на увид на јавноста Урбанистички проект вон плански опфат за населено место Kатланово за формирање на градежна парцела со намена Д3.1 – спортски терени на отворено (терени за тенис и ракомет), КО КАТЛАНОВО, ОПШТИНА ПЕТРОВЕЦ со објавување на веб страна на општина Петровец во траење од 15 дена по добиено позитивно мислење од комисија и позитивна ревизија.

Во временскиот рок од 15 дена од 15.11.2022 година 30.11.2022 година до општина Петровец може да се доставуваат забелешки.

Раководител во одд.
Лилјана Величковиќ, диа

ОПШТИНА ПЕТРОВЕЦ
Градоначалник
Борче Митевски дипл.есс

Урбанистички проектpdf

Comments are closed.

Close Search Window