Врз основа на член 3 од Уредбата за учество на јавноста во текот на изработка на прописи и други акти како и планови и програми од областа на животната средина („Сл. Весник на РМ” бр. 147/08 и 45/11), за спроведување на постапка за учество на јавноста, општина Петровец го издава следното:
И З В Е С Т У В А Њ Е
Се известуваат правните и физичките лица дека се организира консултација со јавноста по Нацрт-Извештај за стратегиска оцена на влијанието врз животната средина УПВНМ Катланово за намена А4-времено сместување на дел од КП 91/1, КО Катланово, општина
Петровец.
Консултацијата со јавноста – Јавна расправа по Нацрт-Извештај за стратегиска оцена на влијанието врз животната средина по УПВНМ Катланово за намена А4-времено сместување на дел од КП 91/1, КО Катланово, општина Петровец ќe биде ставен на увид на веб страната на општина Петровец www.petrovec.gov.mk во период од 16.05.2022 година до 16.06.2022 година, а може да се направи увид и во просториите на општина Петровец, на ул. 1 бб, секој работен ден до 16.06.2022 година од 08.00 до 16.00 часот.
Консултацијата со јавноста со стручно презентирање по Извештајот за стратегиска оцена на животна средина ќе се одржи во просториите на општина Петровец, на ден 08.06.2022 година со почеток во 12.00 часот.
Општина Петровец ги информира заинтересираните граѓани и правни лица дека во периодот до 16.06.2022 година можат да достават забелешки, предлози и мислења за споменатиот документ по електронски пат на маил адреса opstinapetrovec@yahoo.com, по пошта или преку архивата на општина Петровец.
ОПШТИНА ПЕТРОВЕЦ
Градоначалник
Борче Митевски