Вести|

Општина Петровец изврши чистење на дивите депонии во Петровец и Ржаничино. Целосно се исчисти дивата депонија која се наоѓа во близина на православните гробишта во Петровец. Во населено место Ржаничино се исчистија трите диви депонии од кои едната се наоѓаше во близина на фирмата Руле Турс, втората наспроти свињарската фарма и третата наспроти стрелиштето Ќојлија.

За повторно да не би се обновиле дивите депонии кои прават грда сликата на општината а со самото тоа се загадува животната средина, се замолуваат жителите кои имаат поголеми количини на шут да се обратат до ЈКП Петровец од каде ќе добијат информација за истиот соодветно да биде одложен. Сите заедно треба да се грижиме и да го одложуваме сметот во кантите за смет, контејнерите и на места определени за таа намена од јавното комунално претпријатие. Само така од Општина Петровец ќе направиме чисто и пријатно место за живеење.

Comments are closed.

Close Search Window