Вести|

Традиционалниот „Илинденски марш“ тргна за Крушево, од Горно Лисиче, од црквата „Св. Петар и Павле“ каде се одржа свечена литургија, на која свештеници од Македонската православна црква на коњаниците им дадоа благослов на патот кон Крушево. Оваа година на маршот учество земаа 28 коњаници кои утрово поминувајки низ територијата на Општина Петровец застанаа во кругот на Општината.

Како секоја година наназад така и оваа, градоначалникот Борче Митевски ја пречека коњаницата со учесниците на овогодишниот ИЛИНДЕНСКИ МАРШ и им посака добредојде. На собирот присуствуваше и Пратеничката во Собранието на Република Македонија – Марија Петрушевска, претседателот на Советот на Општина Петровец – Блаже Никчевски, директорката на ООУ „Кочо Рацин“ – Виолета Јаневска, општинската администрација и дел од советниците. Тука беа послужени со освежителни пијалоци, кафе и доручек. Околу триесетина минути траеше дружбата со дел од жителите, каде што дечињата се фотографираа на коњите и со дел од учесниците на маршот. По кратко време учесниците го продолжија патот кон крајната дестинација Крушево на „Мечкин Камен“ а градоначалникот Митевски им посака среќен пат.

Comments are closed.

Close Search Window