Вести|

По повод одбележувањето на патрониoт празник на Општинското Основно Училиштето „Кочо Рацин“ од Петровец, градоначалникот Борче Митевски заедно со претставници од општинската администација положија свежо цвеќе пред бистата на големиот македонски поет и револуционер Коста Солев Рацин. Свежо цвеќе положија и претставници од Сојузот на борците на Општина Петровец, Гази Баба, Илинден и Арачиново, како и директорката на училиштето Виолета Јаневска со претставници од училиштето.

Неколку од учениците на ова училиште прочитаа извадоци од делата на Рацин а воедно се доделија и награди за најуспешните ученици. Поради ситуацијата со пандемијата на корона вирусот и оваа година изостана празнувањето на патронатот.

Comments are closed.

Close Search Window