Вести|

Градоначалникот Борче Митевски заедно со претседателот на Советот на Општина Петровец – Горан Ангеловски, советникот во Советот на Општина Петровец – Шеќо Личина и директорот на ЈКП Петровец – Андрејчо Гроздановски, беа во обиколка на местата каде моментално се вршат градежни активности поврзани со комуналната и патната инфраструктура. Една од тие активности е и поставување на канализациона мрежа на ул. 22 во населено место Петровец, со која би се заокружил процесот со канализацијата, бидејки после тоа следи постапка на асфалтирање на истата улица.

По завршување на ул. 22 ќе се пристапи кон асфалтирање и на ул. 9 во населено место Петровец. Должината на двете улици на кои ќе се постави асфалт е околу 440 метри. Финансиските средства за овие две улици во целост се обезбедени од Буџетот на Општина Петровец и се во висина од 1.800.000 денари. Општина Петровец гради и ќе гради во сите населени места секаде каде тоа е потребно, за да им се излезе во пресрет на потребите на жителите на општината.

Comments are closed.

Close Search Window
Големина на фонт