Врз основа на член 65 став (6) од Законот за животна средина („Службен весник на Република Македонија“ бр. 53/05, 81/05, 24/07, 159/08, 83/09, 48/10, 124/10 и 51/11, 123/12, 93/13, 187/13, 42/14, 44/15, 129/15, 192/15, 39/16 и 42/16), Градоначалникот на Општина Петровец донесе:
Одлука за неспроведување на стратегиска оцена за Локална урбанистичка планска документација за лесна индустрија Општина Петровец
- За планскиот документ ЛУПД за големи трговски единици со намена (Б2) на дел од КП 1151 и 1387 КО Ќојлија општина Петровец кој се носи согласно Закон за просторно и урбанистичко планирање („Службен весник на Република Македонија“ бр.199/14, 42/14, 44/15, 44/15, 193/15, 31/16, 163/16, 64/18 и 32/20), не е потребно да се спроведе стратегиска оцена на влијанието врз животната средина согласно член 65 од Законот за животна средина.
- Одлуката заедно со формуларите за определување на потребата од спроведување односно неспроведување на стратегиска оцена се објавува на веб страната на Општина Петровец.
- Согласно критериумите за определување на тоа дали еден плански документ има влијание врз животната средина од член 65 став (4) од Законот за животна средина и врз основа на податоците од Прилог 2 на Правилникот за формата, содржината и образецот на одлуката за спроведување односно неспроведување на стратегиска оцена и на формуларите за потребата од спроведување односно неспроведување на стратегиска оцена донесувањето на планскиот документ ЛУПД за големи трговски единици со намена (Б2) на дел од КП 1151 и 1387 КО Ќојлија општина Петровец, нема да има влијание врз животната средина од следните причини:
– се одредува користење на мала област од локално значење од 5026 m 2 (0,50 ha),
– намената и опфатот на користење нема позначајни влијанија врз животната средина и врз здравјето на луѓето. - Против оваа одлука може да се поднесе жалба до Министерство за животна средина и просторно планирање во рок од 15 дена од денот на објавување на веб страната.
Општина Петровец
Градоначалник
Борче Митевски дипл.есс
СЕА формулар | |
Одлука (AL) |