Вести|

На покана на сопственикот на општата болница во Петровец ЕУРОИТАЛИЈА – Алберто Де Лука, денес во работна посета пристигна Амбасадорот на Ребублика Италија – Андреа Силвестри и заменик абасадорот на Република Италија – Алесио Ликуори како и градоначалникот на Општина Петровец – Борче Митевски. На средбата се разговараше за инвестирањето во Општина Петровец, како и за една од најголемите инвестиции во општината а тоа е Општата болница ЕУРОИТАЛИЈА, за која амбасадорот истакна дека станува збор за модерна болница, современо опремена со голем број на медицински апарати и голем број на одделенија.

Сопственикот на ЕУРОИТАЛИЈА – Алберто Де Лука искажа голема благодарност до градоначалникот Борче Митевски и Општина Петровец за обостраната и успешна соработка во изминатите години, која вроди со плод, за да денес имаме една од најсовремените болници во Република Македонија. По едночасовната средба Амбасадорот на Република Италија – Андреа Силвестри беше воодушевен од средбата со градоначалникот Митевски и вети дека многу брзо ќе ја посети Општина Петровец за одблиску да се запознае со состојбата во општината и создавање услови за идна соработка помеѓу Амбасадата на Република Италија и Општина Петровец.

Comments are closed.

Close Search Window
Големина на фонт