Вести|

Градоначалникот Борче Митевски заедно со претседателот на Советот на Општина Петровец – Горан Ангеловски го посетија населеното место Долно Коњари каде во тек е изградба на улица која води до муслиманските гробишта.

Улицата треба да биде во должина од околу 300 метри и истата ќе биде поплочена со павер елементи (бекатон плочки). Финансиските средства за изработка на улицата во целост се обезбедени од Буџетот на Општина Петровец. Се очекува улицата во целост да биде завршена до средината на месец Мај.

Comments are closed.

Close Search Window
Големина на фонт