Вести|

Во населено место Петровец се пуштија во употреба две улици во вкупна должина од 520 метри. На пуштањето на улиците покрај градоначалникот Борче Митевски присуствуваа и неколку советници од Советот на Општина Петрровец како и дел од жителите покрај чии домови поминуваат овие две улици.
Станува збор за улици кои се поплочени со павер елементи (бекатон плочки), каде претходно во целосост е поставена одводна канализација и водоводна мрежа. Покрај самата улица поставено е и улично осветлување.

Дел од насобраните граѓани му изразија голема благодарност на градоначалникот за направеното од страна на општината и за исполнување на неговите предизборните ветувања. Финансиските средства за овие две улици кои се со износ од 2.400.000 денари во целост се обезбедени од Буџетот на Општина Петровец.
Во тек се градежни активности за изградба на уште неколку инфраструктурни проекти како во населено место Петровец така и во другите населени места каде тоа е потребно.

Comments are closed.

Close Search Window
Големина на фонт