Вести|

Градоначалникот Борче Митевски го посети населеното место Чифлик, каде во моментот се вршат градежни активности поврзани со инфраструктурата во ова населено место. Станува збор за главната улица која минува низ населеното место Чифлик. Улицата која треба да се асфалтира е со приближна должина од околу 450 метри и ширина од 3,5 метри и истата треба да биде завршена за 15-тина дена. Финансиските средства потребни за овој проект изнесуваат околу 4.400.000,00 денари и истите во целост се обезбедени од Буџетот на Општина Петровец.

Дел од присутните жители на ова рурално населено место му изразија голема благодарност на градоначалникот и Општина Петровец за вложувањата во ова населено место, поврзани со инфраструктурата – улици, водовод, канализација, ново училиште, улично осветлување, детски забавен парк, игралиште и сл.
Општина Петровец продолжува со градежните активности поврзани околу инфраструктурата во сите населени места, се со една цел, решавање на проблемите со кои се соочуваат жителите на Општина Петровец и обезбедување на пристоен живот.

Comments are closed.

Close Search Window
Големина на фонт