Вести|

Градоначалникот Борче Митевски беше на увид во работата околу поставувањето на канализационата мрежа на улица „11“ во населено место Петровец. Во тек е поставување на канализациона мрежа во должина од 200 метри, така што жителите од оваа улица ќе може да се приклучат кон истата. Финансиските средства за овој проект во износ од 407.505,00 денари во целост се обезбедени од Буџетот на Општина Петровец.

По поставувањето на канализационата мрежа на ул.11, изведувачите ќе се префрлат на крак на ул.1 (покрај амбулантата на Здравствен дом – Скопје) во Петровец, каде треба да постават канализациона мрежа во должина од 300 метри. Градежните активности поврзани со инфраструктурата продолжуваат и во наредниот период на целата територија на Општина Петровец.

Comments are closed.

Close Search Window
Големина на фонт