Вести|

Дивите депонии каде несовесните жители го одложуваат сметот во голема мера ја грубат сликата за Општина Петровец. Апелиравме до жителите на Општина Петровец сметот да не се одложува на места кои не се предвидени за шут, но сепак мал дел на несовесни граѓани не се придржуваа кон нашиот апел, а сликата од таа несовесност ја гледаме сите.

Скоро во секое населено место имаше направено дива депонија, а тоа само правеше да се чувствуваме неодговорни кон нас самите и кон средината во која живееме, бидејки секојдневно минуваме покрај купиштата смет од кој секој би се згрозил.
Општина Петровец веќе одреден период наназад интезивно работи на расчистување на дивите депони. Се расчистија дивите депонии покрај муслиманските гробишта во Ќојлија, депонијата кај православните гробишта на Петровец, депонијата покрај патот за Катланово (лозарство) и депонијата покрај патот на излез од Петровец кон населеното место Огњанци. Акцијата за расчистување на дивите депонии ќе продолжи и во наредниот период во сите населени места каде тие ќе бидат лоцирани.

Уште еднаш упатуваме апел до жителите на Општина Петровец доколку имаат неодложен смет и истиот треба да го изнесат, да се обратат до ЈКП – Петровец ила де се јават на телефонскиот број бр. 02/611-1635 за да добијат инструкција каде да го одложат истиот.


ДА СЕ ПОТРУДИМЕ СИТЕ ЗАЕДНО ДА ЈА ЗАЧУВАМЕ СРЕДИНАТА ВО КОЈА ЖИВЕЕМЕ ЧИСТА И ЗДРАВА, КАКО ЗА НАС ТАКА И ЗА ГЕНЕРАЦИТЕ КОИ ДОАЃААТ ПОСЛЕ НАС.

Comments are closed.

Close Search Window