Вести|

По извршеното расчистување на дивите депонии кои беа направени покрај патот до православните гробишта во Петровец, Општина Петровец започна со акција за засадување на зимзелени дрвја каде е предвидено да се засадат окоу 300 садници. Засадувањето на зимзелените садници кон гробиштата во Петровец од двете страни на патот треба да придонесат за новиот лик кој води до вечните почивалишта на нашите починати блиски. Со овој потег грдата слика треба целосно да исчезне од овој простор. По тој повод упатуваме уште еден АПЕЛ до жителите на Општина Петровец сметот да го одложуваат на места каде тоа е дозволено и во соработка со ЈКП – Петровец.

Во тек се превземени активности околу поставување на канти за собирање на смет на територијата на населените места Петровец и Ржаничино. Предвидено е да се постават канти за смет на целата терторија на Општина Петровец каде за тоа ќе се јави потреба, за што помалку смет на улиците, плоштадите и места каде секојдневно фукционираме. Предвидено е првично да се постават оклу 120 канти за смет, а тоа би требало драстично да ја зголеми чистотата на околината во која живееме. Средствата за овој проект во целост се обезбедени од Буџетот на Општина Петровец.
Општина Петровец продолжува и во наредниот период со вакви и слични активности од еколошки карактер, се со една цел, почиста и поздрава животна околина.

Comments are closed.

Close Search Window