Одлуки|

Врз основа на член 65 став(6) од Законот за животна средина (Сл. Весник на РМ бр. 53/05, 81/05, 24/07, 159/08, 83/09, 48/10, 124/10, 51/11, 123/12, 93/13, 187/13, 42/14, 44/15, 129/15, 192/15, 39/16 и 99/18), Општина Петровец, на ден 15.03.2021 година, донесе

Одлука за Неспроведување на стратегиска оцена

  1. За планскиот документ ЛУПД за спортско рекреативен центар Долно Коњари, општина Петровец, кој се носи согласно Законот за просторно и урбанистичко планирање, не е потребно да се спроведе стратегиска оцена на влијанието врз животната средина согласно член 65 од Законот за животна средина.
  2. Одлуката заедно со формуларите за определување на потребата од спроведување односно неспроведување на стратегиска оцена се објавува на веб страната на Општина Петровец, www.petrovec.gov.mk
  3. Согласно критериумите за определување на тоа дали еден плански документ има влијание врз животната средина од член 65 став (4) од Законот за животна средина и врз основа на податоците од Прилог 2 на Правилникот за формата, содржината и образецот на одлуката за спроведување, односно неспроведување на стратегиска оцена и формуларите за потребата од спроведување, односно неспроведување на стратегиска оцена донесувањето на планскиот документ ЛУПД за спортско рекреативен центар Долно Коњари, општина Петровец, нема да има негативно влијание врз животната средина од следните причини:
    Географската положба и сообраќајната поврзаност одат во прилог на идејата за поставување на ваков комплекс. Имено до планскиот опфат ќе се приоѓа преку планирани улици со Урбанистичкиот план за село Долно Коњари од јужната и западната страна на планскиот опфат. Површината во границите на планскиот опфат изнесува 13,25 ха. На овој простор се организира функционална урбанистичка целина со нaмена Д-3 спорт и рекреација. Со ваква намена ќе се создадат позитивни импулси и ефекти врз целото непосредно опкружување и од аспект на повисока организација и уреденост на просторот и инфраструктурна опременост и начин на живеење.
  4. Против оваа Одлука може да се поднесе жалба до Министерството за животна средина и просторно планирање во рок од 15 дена од денот на објавувањето на одлуката на веб страната.

Изработил:
Лилјана Величковиќ, диа

ОПШТИНА ПЕТРОВЕЦ
Градоначалник
Борче Митевски есс

СЕА формуларpdf

Comments are closed.

Close Search Window