Одлуки|

Врз основа на член 65 став(6) од Законот за животна средина (Сл. Весник на РМ бр. 53/05, 81/05, 24/07, 159/08, 83/09, 48/10, 124/10, 51/11, 123/12, 93/13, 187/13, 42/14, 44/15, 129/15, 192/15, 39/16 и 42/16), Општина Петровец, донесе

Одлука за неспроведување на стратегиска оцена

  1. За планскиот документ ЛУПД за ГП.Бр.1.1 на КП.Бр.1251, 1253, 1254 и КП.Бр.1255 и дел од КП.Бр. 1252/1, (со намена Г-2 Лесна и незагадувачка индустрија), КО.Ќојлија, Општина Петровец, кој се носи согласно Законот за просторно и урбанистичко планирање, не е потребно да се спроведе стратегиска оцена на влијанието врз животната средина согласно член 65 од Законот за животна средина.
  2. Одлуката заедно со формуларите за определување на потребата од спроведување односно неспроведување на стратегиска оцена се објавува на веб страната на Општина Петровец, www.petrovec.gov.mk
  3. Согласно критериумите за определување на тоа дали еден плански документ има влијание врз животната средина од член 65 став(4) од Законот за животна средина и врз основа на податоците од Прилог 2 на Правилникот за формата, содржината и образецот на одлуката за спроведување односно неспроведување на стратегиска оцена и формуларите за потребата од
    спроведување односно неспроведување на стратегиска оцена донесувањето на планскиот документ ЛУПД за ГП.Бр.1.1 на КП.Бр.1251, 1253, 1254 и КП.Бр.1255 и дел од КП.Бр. 1252/1, (со намена Г-2 Лесна и незагадувачка индустрија), КО.Ќојлија, Општина Петровец нема да има негативно влијание врз животната средина од следните причини: Предметниот плански опфат за кој се изработува ЛУПД за ГП.Бр.1.1 на КП.Бр.1251, 1253, 1254 и КП.Бр.1255 и дел од КП.Бр. 1252/1, (со намена Г-2 Лесна и незагадувачка индустрија), КО.Ќојлија, Општина Петровец е со планиран опфат од 1.60ha. Вкупната површина на планскиот опфат претставува Г-2 Лесна и незагадувачка индустрија. Донесувањето на планскиот документ опфаќа мала област од локално значење и нема да има значително негативно влијание врз животната средина. Ќе се овозможи валоризација и афирмација на просторот и задоволување на потребите на жителите на овој плански опфат.
  4. Против оваа одлука може да се поднесе жалба до Министерството за животна средина и просторно планирање во рок од 15 дена од денот на објавувањето на одлуката на веб страната.

ОПШТИНА ПЕТРОВЕЦ
Градоначалник
Борче Митевски дипл.есс

Comments are closed.

Close Search Window
Големина на фонт