За прв пат во Општина Петровец мајката Кристина Крстевска од населено место Ржаничино, на свет донесе тројка и сите три се девојчиња. Мајката и трите новороденчиња се чувствуваат добро. Радоста за новородените три девојчиња освен во домот на семејството Крстевски се почувствува и кај граѓаните на Општина Петровец.
По тој повод градоначалникот Борче Митевски го посети среќното семејство и им додели парична помош во висина од 50.000,00 денари како и сет од хигиенски средства и пелени за новороденчињата. Покрај Општина Петровец подарок за ова среќно семејство додели и фирмата „ЏАНВИКИ“ од Петровец која се занимава со производство на конзервирана храна. Овој гест нека биде поттик за учество и на останатите правни субјекти.