Вести|

Населено место Петровец доби уште една пешачка патека поплочена со павер елементи која се протега од центарот на Петровец па се до излезот на Петровец до бензиската пумпа на Макпетрол. Оваа патека во целост е осветлена со улично осветлување каде се поставени канделабри во висина од 6 метри на кои се поставени штедливи светилки. На примопредавањето на новоизградената пешачка патека покрај градоначалникот Борче Митевски присуствуваше и раководителот на Центарот за развој на Скопски плански регион г-дин Љупчо-Кец Мицковски.

Должината на патеката изнесува 1060 метри. Сопартнери на овој проект се Општина Петровец, Бирото за регионален развој и Центарот за развој на Скопски плански регион кои учествуваат со средства во вкупна вредност од 6.796.054,00 денари, од кои Општина Петровец учествува со свои средства во висина од 1.058.826,00 денари. Воедно, во населените места Петровец и Ржаничино во целост е извршена замена на уличните светилките од уличното осветлување покрај регионалниот пат Р-1103. Со отстранувањето на постоечките светилки веднаш на исто место се поставуваат енергетско ефикасни (штедливи) светилки се со цел заштеда на електричната енергија. Финансиските средства за замена на осветлувањето во целост се обезбедени од Буџетот на Општина Петровец.

Comments are closed.

Close Search Window