Вести|

Градоначалникот на Општина Петровец – Борче Митревски заедно со претставници од општинската администрација, како и Претседателот на Советот на Општина Петровец Горан Ангеловски, положија свежо цвеќе пред споменикот на ранетите и починатите Македонци и Грци – борци на Демократската армија на Грција (ДАГ) во Граѓанската војна во Грција 1946-1949 година, лекувани во Болницата во Катлановска бања 1947-1948 година. Тука се одржа панихида за починатите борци на која богослужеше свештенослужител од Скопската епархија на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија.

По панихидата пригодно обраќање пред присутните одржа претседателот на Светскиот Македонски Конгрес – Тодор Петров, кој нагласи дека споменикот претставува траен паметник за местото каде во 1947-1948 година се лекувани ранетите Македонци и Грци борци на Демократската Армија на Грција (ДАГ) од Граѓанската војна во Грција 1946-1949 година. Споменикот е траен спомен и за сите ранети кои овде починаа и никогаш никаде оттука не заминаа. Нивните души и денес над нас бдеат, со Споменикот внесовме нивно смирение, да има каде да се собереме кога ќе сакаме овде да им се поклониме, истакна Тодор Петров. Свежо цвеќе на споменикот положи и делегација на ВМРО – ДПМНЕ предводена од Пратеничката во Собранието на Република Македонија Марија Петрушевска како и други претставници од повеќе здруженија.

Comments are closed.

Close Search Window
Големина на фонт