Вести|

Општина Петровец започна со изградба на пешачка патека во населено место Петровец покрај патот Р 1102. Патеката ќе се протега од центарот на Петровец кон излезот на Петровец во правец на градот Скопје. Должината на патеката ќе изнесува 1060 метри. Патеката треба да биде целосно осветлена со кандилабри со вградени штедливи светилки. Финансиските сретствата за оваа инвестиција дел се обезбедени од Бирото за регионален развој и Центарот за развој на Скопски плански регион а дел од сретствата во висина од 15.000 ЕУР се обезбедени од Буџетот на Општина Петровец. Вкупната вредност на оваа инвестиција изнесува 100.000 ЕУР.

Општина Петровец во наредниот период ќе продолжи со изградба на пешачки патеки и во населените места Ржаничино и Катланово.

Comments are closed.

Close Search Window
Големина на фонт