Вести|

Градоначалникот Борче Митевски денес беше на кракот на ул.1 во населено место Петровец, каде се врши поставување на канализациона мрежа, за одблиску да се запознае со текот на работата. Тука се сретна со дел од жителите на оваа улица и ги слушна нивните барања и сугестии во врска со поставувањето на канализационата мрежа. Се предвидува поставувањето на канализационата мрежа да заврши за една седмица.

Канализационата мрежа е во должина од 204 метри. Финансиските средства за овој проект во целост се обезбедени од Буџетот на Општина Петровец. По завршување на оваа улица, активностите ќе продолжат на уште две други улици во населено место Петровец и тоа на улицата која поминува покрај амбулантата во Петровец (крак на ул.1) како и кракот на ул.5. Општина Петровец и во наредниот период ќе продолжи со активности поврзани со инфраструктурата, за да им излезе во пресрет на потребите и барањата на жителите од сите населени места.

Comments are closed.

Close Search Window