Вести|

Општина Петровец и покрај епидемијата со вирусот КОВИД-19 продолжува со градежните активности околу поставувањето на канализациона мрежа во населено место Ржаничино. Градоначалникот Борче Митевски денес направи увид во работата на поставувањето на канализација на двете улици во Ржаничино (крак 2 и 3 на ул.1 ).

Со поставувањето на канализација на овие две улици, 25 домаќинства ќе можат да си обезбедат приклучок кон канализационата мрежа а со самото тоа и решавање на овој доста голем проблем. Двете улици се со должина од 188 метри и 210 метри.
Средствата за овој проект во целост се обезбедени од Буџетот на Општина Петровец. Општина Петровец продолжува со вакви и слични активности се со цел обезбедување како и подобрување на условите за животот на жителите на целата територијата на Општина Петровец.

Comments are closed.

Close Search Window
Големина на фонт