Вести|

Денес, градоначалникот Борче Митевски беше во обиколка на сите населените места со цел лично да ја увиди проодноста на главните патишта кои водат до населените места, особено кон руралните населени места. За време на обиколката, тој направи и неколку кратки средби со жителите на неколку населени места за да ги слушне нивните барања и проблеми со кои се соочуваат во овој период од годината, со цел решавање на истите.

Општина Петровец и Ј.К.П. Петровец вршеа континуирано расчистување на главните патни правци кои водат до сите населените места, со четири машини за расчистување на снег, така што денес до пладне, сите патни правци беа целосно расчистени и проодни за сообраќај.
Воедно патниот правец Ржаничино – Сушица – Свети Николе кој е во надлежност на Македонија Пат, и кој беше тешко прооден за сообраќај како за лесни возила така и за автобусите на ЈСП Скопје, кои се обраќаат со бројот 68 на релација Скопје – Сушица, беше целосно исчистен од страна на екипите на Општина Петровец , бидејки службите на Македонија Пат на оваа делница целосно потфрлија. Во овој момент сообраќајот се одвива непречено кон сите населени места на територијата на Општина Петровец.

Comments are closed.

Close Search Window